NASA успешно ја лансираше мегаракетата SLS

По двата неуспешни обида американската агенција за вселенски истражувања NASA успешно ја лансираше во средата наутро по локално време новата мегаракета кон Месечината од Кејп Канаверал на Флорида, помалку од една седмица откако големата конструкција го издржа налетот на силниот ураган.

„Се чини дека дојде нашето време Се надеваме дека тоа ќе биде во среда“, изјави Мајк Сарафин, шеф на одложуваната мисија „Artemis 1“ од седиштето на NASA.

По двата неуспешни обида, мегаракетата од следната генерација на NASA беше успешно лансиран во 1,47 часот по локално време од Кејп Канаверал на Флорида кон Месечината на својот прв лет, на патување без екипаж што ја инаугурираше истражувачката програма на американската вселенска агенција „Artemis I“, 50 години по последните мисии „Apollo“ на Месечината.

Околу 7:47 часот по македонско време, ракетата Space Launch System (SLS) полета од лансирната рампа во вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал на својата прва мисија, која ќе ја фрли капсулата „Orion“ надвор од орбитата на Земјата и ќе ја испрати на тринеделно пробно патување околу Месечината и назад без астронаути.

Мисијата „Artemis 1“, шестнеделен пробен лет без астронаути, е првиот чекор според плановите на американската вселенска агенција која на Месечината има намера да воспостави долгорочна лунарна колонија како отскочна точка за уште поамбициозните идни патувања со човечки екипаж кон Марс.

Станува збор за пробното прво патување на големата двостепенска ракета „Space Launch System“ (SLS) и нејзината капсула „Orion“ без екипаж.

Иако на вселенскиот брод нема да има луѓе, „Orion“ ќе носи симулиран тричлен екипаж – една машка и две женски кукли – опремени со сензори за мерење на новото на радијација и други стресови коишто би ги доживеале астронаутите.

Прогласена е за најмоќната и најкомплексната ракета на светот, SLS е најголемиот вертикален лансирен систем кој американската NASA го изгради откако „Saturn V“ леташе во текот на програмата „Apollo“ на Месечината во 60-те и 70-те години од минатиот век.

Наречен по сестрата близначка на Аполон од старогрчката митологија, новата вселенска програма е развиена по 50 години откако луѓето последен пат стапнале на површината на Месечината.

Полетувањето се одвиваше помалку од една седмица по минувањето на ураганот Никол, кој ракетата успешно го издржа во надворешен простор на лансирната рампа.

Функционерите го проценуваа ризикот од оштетувањата поврзани со ураганот. Станува збор за ткн тенката лента која служи за спречување или намалување на преминот на супстанции помеѓу два функционално одвоени простори, наречена RTV, кои ја опкружуваат капсулата „Orion“ на врвот од ракетата и ја прави поаеродинамична. Тимови стручњаци испитуваат сѐ уште дали може RTV да се олабави за време на придвижувањето и притоа да предизвика проблеми.

Поради тоа одредени  беа два резервни датуми за лансирање, 19-ти и 25-ти ноември.

Кон крајот на септември ракетата мораше да биде пренесена назад во монтажната зграда за да биде заштитена од ураганот Иан, кој тогаш се закани на брегот на Флорида.

Пред овие временски попречувања, откажани беа два обида за лансирање, но од технички карактер. Првото се однесуваше на неисправен сензор, а второто на истекување на горивото при полнењето на резервоарите на ракетата. NASA тогаш тенката лента ја замени и ги модификуваше своите процедури за да во најголема можна мера да се избегне топлотниот шок.

Полнењето на резервоарот започна во вторникот попладнето. Се очекува дека од брегот лансирањето ќе го следат околу 100.000 луѓе, имајќи предвид дека ракетата би требало да го осветли ноќното небо.

Доколку ова лансирање беше успешно ,предвиденото траење на мисијата е вкупно 25 и пол дена со спуштање во Тихиот Океан на 11-ти декември.

NASA смета на успешна мисија откако повеќе од деценија ја развиваше SLS ракетата. До крајот на 2025 година има намера да вложи повеќе од 90 милијарди долари во својата нова месечева програма. Мисијата „Artemis 2“ би требало да биде како реприза на првата мисија, но тогаш со астронаути, а реализацијата се очекува во текот на 2024 година.