Насер Зибери ќе биде нов народен правобранител?!

Телевизијата ТВ21 неофицијално дознава дека Насер Зибери, кого партијата ДУИ во кампањата за предвремените парламентарни избори го истакна за кандидат за прв премиер Албанец на Македнија, ќе биде назначен за народен правобранител.

Официјална потврда од Зибери сè уште нема но извори на ТВ21 велат дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември 2020.

Според Уставот народен правобранител се бира од Собранието со осумгодишен мандат.

ДУИ во предизборната кампања го претстави Насер Зибери како кандидат за иден премиер. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес-конференција по состанокот на партискиот совет на 19-тавгуст, на прашањето што ќе биде со Насер Зибери, изјави:

„Вие сите знаете дека г-дин Зибери е нотар и ја продолжува својата дејност како нотар до моментот кога ќе се договориме за одредена важна одговорност која се однесува на неговата професија“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.