-3.2 C
Skopje
недела, декември 29, 2024

Нашата позната актерка во неверување се прости од Сабина: Многу ја сакав, глумците не умираат, така барем се тешиме… (ФОТО)

Македонската јавност се уште не може да поверува по вчерашната вест дека на 75 годишна возраст по кратко боледување почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија.

Една од првите која се прости од неа беше актерката Весна Петрушевска која преку својот Инстаграм профил упати големо жалење за загубата.

-Си замина и таа….секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна,достоинствена🙏🏻🙏🏻❤️со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива…на сцена и приватно…многу ја сакав❤️ама многу❤️прекрасница❤️моето најдлабоко сочувство @vardantozija Vardan Tozija ти и беше целиот свет❤️глумците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина❤️тага❤️, стои во нејзиниот пост на Инстаграм.