Вчера, скопјанецот А.Т. (18), кој беше обвинет за убиството на Никола Христовски (17) на 14 август лани во „Паркот на музиката“ во Ново Лисиче доби пресуда, односно е осуден на три години затвор.
Убиството на младиот кошаркар на МЗТ се случило поради меѓуетничка нетрпеливост, откако А.Т. бил навредуван на меѓуетничка основа и нападнат од група момчиња, по што тој со нож го убил Христовски.
По поднесено обвинение од Основното јавно Обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје на 1.06.2020 година донесе пресуда со која обвинетиот го огласи за виновен за кривично дело -убиство на миг од член 125 од Кривичниот законик и му изрече затворска казна од три години.
И една мала дигресија, човекот што учествуваше на настаните од 27 април 2017 година и ја кубеше министерката Радмила Шекеринска, Панче Ангелов доби затворска казна од четири години.
Ангелов беше осуден на четири години затвор за дело „насилство“.
Ако за убиство се добива три години, а за насилство четири, тогаш е јасно од кои причини паѓаме на сите меродавни светски листи за вредноста на судството. Затоа секој пат нашето судство ќе биде покажувано како рак-рана на општестовото.
Можеби косата на Шекеринска е силна како онаа на Самсон и е заштитена со закон, па затоа мора така да се казнува. Очигледно, младиот човечки живот има помала вредност.