Нашиот помал партнер, ВМРО-ДПМНЕ, да не се вознемирува многу, порачаа од ДУИ

„Владата на Република Северна Македонија е легитимна, демократски избрана, стабилна, и е во сигурни раце, под раководство на Европско ориентирани партии“, соопштија од ДУИ.

„Исто така и нашата држава е во сигурни раце и на прав пат, кон полноправно членство во Европската Унија и во стратешко партерство со Соединетите Американски Држави.

Денешните пропагандистички и панични реакции на нашиот помал ВМРО ДПМНЕ служат само за за поттикнување на забуни и се во функција на нивната кампања на сеење страв преку лажни вести. Недржавничкото постапување во Собранието на опозицијата докажа дека ВМРО ДПМНЕ не го почитува ниту граѓаните, ниту законите, ниту уставот“, соопшти ДУИ.