![georgiev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/04/georgiev.jpg?resize=278%2C181&ssl=1)
Македонските репрезентативци кои настапуваат во француското првенство, Никола Ѓорѓиев и Јовица Симовски, вчера остварија победи со своите екипи, во второто коло од плејофот.
Париз Волеј, тимот во кој настапува Ѓорѓиев, славеше против Тулуз со 3:2 (17:25, 25:22, 29:27, 18:25, 15:12), со што успеа да обезбеди пласман во полуфиналето. Нашиот репрезентативен капитен беше најдобар играч во Париз со 28 поени.
Во полуфиналето Париз ќе игра со победникот од мечот Лион – Ајачио, а најзаслужниот што сѐ уште не е ништо решено е Јовица Симовски. Македонецот од Ајачио одигра фантастична партија со 31 поен, задржувајќи го фаворитот Лион со победа од 3:2 (21:25, 17:25, 25:18, 27:25, 15:13). Третиот, решавачки меч се игра в петок.