Насилна италијанска левичарка ослободена од притвор во Унгарија откако стана европратничка

Италијанската антифашистичка активистка Илиарија Салис е ослободена од домашен притвор во Будимпешта, откако минатиот викенд беше избрана за пратеничка во Европскиот парламент, изјави во петокот за Reuters нејзиниот адвокат Ѓерѓ Маѓар.

Членовите на Европскиот парламент уживаат силен правен имунитет од кривичен прогон, дури и доколку обвинувањата се однесуваат на дела кои се извршени пред да бидат избрани.

Иларија Сали, 39-годишна учителка активистка на ултрадикалните и насилни левичарски движења чие финансирање е мистериозно за јавноста, беше обвинета во Унгарија за физички напади на таканаречената антифашистичка група врз луѓе кои ги сметаат за активисти на крајната десница.

Полицијата веќе ѝ ја извадила електронската нараквица од глуждот, рекол адвокатот. Се очекува дека таткото на Иларија Салис ќе допатува во Будимпешта подоцна во текот на денот за да ја одведе назад во Италија, додал Маѓар.

Саилс беше речиси една година во притвор во Унгарија поради насилниот случај кој го поттикна италијанскиот „Сојуз на зелените и левицата“ да ја номинира меѓу своите кандидат на изборите за Европскиот парламент минатиот викенд.

Нејзиниот случај во февруари предизвика гнев кај екстремната левичарска јавност во Италија кога таа беше доведена на судско рочиште со заврзани нозе и раце и синџир околу појасот. Прашањето беше политички чувствително поради долгогодишната соработка меѓу италијанската десничарска премиерка Џорџа Мелони и унгарскиот суверенистички премиер Виктор Орбан.