Насилници од Баптистичка црква со децении сексуално малтретирале деца, најголем религиозен скандал во САД

Соединетите Американски Држави ги тресе најголемиот религиозен скандал во историјата. Откриено е дека деца со децении биле сексуално злоставувани под покровителство на Баптистичката црква. Истрагата траеше седум месеци, а беше потврдено дека највисокото раководство на Јужната баптистичка конвенција, најголемата баптистичка деноминација во светот и втората по големина верска група во Америка (СБЦ), знаела за сѐ.
Осомничените се товарат за „содомија, силување, снимање порнографски содржини со малолетници од двата пола и слични експлицитни дела“. На официјалната веб-страница на СБЦ е објавен детален список на насилниците и за што се товарат, а списокот го составиле поранешни вработени во Извршниот одбор на Конвенцијата. Тогаш целиот список беше објавен од независни истражители.

Тие составија извештај од 300 страници за 20 години малтретирање на најмладите. Највисокото раководство на СБЦ (погрешно) дејствувало или прикрило сексуална злоупотреба во рамките на оваа конгрегација, која има 17 милиони членови во 47.000 цркви и е најголемото протестантско тело во земјата.
Водачите на СБЦ, според Вашингтон пост, жестоко се спротивставуваат на споредувањето на „нивниот скандал“ со слични злоупотреби во Католичката црква. Се посочува дека вкупниот број на случаи на злоупотреба меѓу јужните баптисти е мал. Меѓутоа, независната истрага, која на барање на јужните баптисти ја спроведе организацијата „Хајдпост солушнс“, целосно го негира тоа.
Во извештајот се наведува дека жртвите на злоупотреба постојано наидувале на отпор и „камени ѕидови, па дури и директно непријателство“ од водачите кои повеќе се занимавале со заштита на институцијата од одговорност, отколку со заштита на децата од натамошна злоупотреба, кога се обидувале да ги пријават своите насилници. Насилниците меѓусебно се штителе и се поддржувале.
Објавената листа на насилници има 205 густо испечатени страници со имиња на истакнати баптисти осудени за сексуална злоупотреба, додека извештајот, па дури и прикриените работи, се многу поголеми. Така, на пример, една работна група во рамките на СБЦ, која работеше со независни истражувачи, вели дека добиле најмалку пет терабајти документи и комуникации, како и дека направиле најмалку 300 интервјуа.