Најмалку девет лица се приведени во саботата на протестот против мигрантите во Довер на југоистокот од Англија, откако демонстрантите се судрија со полицајците.
Стотина демонстранти со маски со британското знаме на лицата поради пандемијата на коронавирусот во Довер пееле патриотски песни.
Поради протестот повеќе од еден час бил блокиран сообраќајот на магистралниот пат по кој минувала протестната поворка. Од друга страна, протест против расизмот се одржал во пристаништето во Кент, а било следено од бројни полициски сили.
Сѐ повеќе мигранти последниот период се обидуваат да минат од француски Кале преку Ламанш (или Каналот како што го нарекуваат Англичаните) во Довер. Таков обид во средата имаше од 400 мигранти, што е најголем број досега во еден ден.