Насилства во Шведска по собир на крајната десница

Ноќта кон неделата во јужниот шведски град Малме забележани се повеќе насилни инцеденти по собирите против крајна десна организација којашто најави спалување на светата муслиманска книга Куранот, соопшти полицијата.

Во текот на ноќта во Малме избувнале неколку пожари, според полицијата. Во нејзиното соопштение се наведува дека изминатата ноќ биле запалени канти за ѓубре, еден автомобил и автобус, како и дека се поднесени повеќе пријави за вандализам.

Нисилствата избувнаа по собирот на противмигрантското и противисламското движење „Тврда линија“. Движењето го води извесен Расмус Палудан, од данско-шведско потекло.

Тој во моментов организира собири во Шведска, каде што во повеќе градови избувнаа судири со полицијата и контрадемонстрантите. Во Малме, каде шти учесниците на контрапротестот ја гаѓале полицијата со камења, ситуацијата се смирила по 3 часот утрово.

Во судирите со демонстрантите против движењето на Палудан во четвртокот и петокот биле повредени 12 полицајци.