
Министерот за надворешни работи на Франција, Лоран Фабиос изрази надеж дека во блиска иднина ќе бидат реализирани конкретни мерки за излез од политичката криза во земјата, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
„Насилството и радикализирањето не можат да бидат одговор на желбите на украинскиот народ“, се вели во коминикето на францускиот министер за надворешни работи, во кое се додава: „По повиците за дијалог во најблиско време треба да следат конкретни чекори“.
Фабиос повика на итно прекинување на насилството и продолжување на дијалогот меѓу властите на Украина и опозицијата.