Истрагата долга три години ги извела истражувачите на вистинскиот пат кон откривање на „вистинското лице“ на Мона Лиза и тоа наскоро би било завршено.
Истражувачот Силвано Винцети рекол дека научниците започнале ДНК тестови на скелетот кој неговиот тим го откри во 2012-тата година во Фиренца. Тие се надеваат дека ќе успеат да откријат дали тој му припаѓа на моделот кој се наоѓа на познатата слика на Леонардо Да Винчи.
Доколку припаѓа, а научниците тоа ќе го утврдат со тестирање ДНК на коските на нејзин роднина, Силвано ќе може да создаде компјутерски генериран приказ на нејзиното лице, кое можеби ќе личи или ќе биде целосно различно од она на познатата слика.
Винцети ја разбранува јавноста во 2011-тата година со тврдењето дека на Да Винчи му позирал маж.
Доколку компјутерски генерираниот приказ на лицето не биде сличен со оној на Мона Лиза, тоа би можело да значи дека Да Винчи користел повеќе модели за својата слика.
Винцети смета дека резултатите ќе бидат готови во мај или јуни.
Сликата се наоѓа во музејот Лувр,а Винцети пред две години покрена иницијатива таа да се врати во Италија.