![makedonski kulturen centar vo tirana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/makedonski-kulturen-centar-vo-tirana.jpg?resize=696%2C382&ssl=1)
Течат последните подготовки за официјалното започнување со работа на Македонскиот културно-информативен центар во Република Албанија, со седиште во Тирана.
Отворањето на Центарот е резултат на потпишаната Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија и заложбите за унапредување и продолабочување на културната соработка меѓу двете земји.
-Центарот е сместен во непосредна близина на Градскиот парк, локација што овозможува видливост и интенција за поголема посетеност на културните настани. Директор на КИЦ-Тирана, е Златко Ориѓански.
Во моментов, во соработка со графичкиот уметник Зоран Кардула, интензивно се работи на внатрешно уредување на просторот, а директорот Ориѓански најавува реализација на разновидна културна програма, што ќе придонесе за збогатување и осовременување на традиционално добрите односи во културата помеѓу двете земји, соопштија од Министерството за култура.