Барменот Хуберт Танг од Сан Франциско во близин на аеродром пронашол 20 долари, со кои подоцна купил два лоза. Едниот лоз бил добитен, а среќниот бармен добил милион долари.
Хуберт Танг купил две среќки за гребење во продавниците во близина на аеродромот минатата среда и со едниот лоз ја освои главната премија.
Изгледа, освоив милион долари, му рекол Танг во неверување на еден пријател.
Хуберт Танг, кој десет години претходно не играл никакви игри на среќа, вели дека сé уште нема никакви планови што ќе стори со добивката, но во шега вели дека ќе фрла банкноти од 20 долари на улица, па може некому да му се насмевне среќата.
Продавницата во којашто Танг го купил добитниот лоз ќе добие 5.000 долари, изјавиле претставници на лотаријата.
Претходно годинава претставниците на лотаријата беа во потрага по друг среќен добитник кој купил тикет за лотаријата Powerball кој носел, исто така, милион долари но не се јавил да ја подигне добивката.