
Настаните во Украина можат да доведат до промени во пристапот на НАТО кон вклучувањето на нови земји-членки и проблемот со нуклеарното разоружување, истакнал за време на посетата во Вашингтон, генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Расмусен потсетиЛ дека во моментов за прием во Алијансата активно се подготвуваат четири држави: Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Грузија.
„Одлуката за влез во НАТО се носи врз основа на цврсти критериуми и на сите четири држави им претстои да заврши уште некои работи“, истакнал Расмусен, додавајќи дека на политиката на отворени врати на НАТО може да влијаат и настаните во Украина.
Конкретно какви промени може да има во процесот на проширување на алијансата, Расмусен не прецизирал.
Генералниот секретар истакнал дека активностите на Русија во Крим ќе влијаат и на политиката на НАТО во областа на контролата на вооружувањето, вклучувајќи го и нуклеарното оружје.