Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на двете девојчиња од Струмица, кои денеска околу 16 часот беа пријавени дека се изгубиле во СВР Скопје.
-Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред трговскиот центар „Веро Џамбо“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките, информира МВР.
Станува збор за Антонија Јанкова (12) и Радмила Иванова (14), кои биле дојдени на еднодневна посета на Саемот за книги во Скопје.