Наставниците ќе добијат покачување на платата од 5 отсто, договорија СОНК и Владата

Наставниците од основно и од средно образование овој месец, односно месечната плата за октомври, ќе ја добијат со зголемување од 5 отсто.

Ова на денешната средба го договорија Владата и СОНК, Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата.

-Со задоволство можам да кажам дека завршија преговорите во делот на спорните работи, условно кажано во делот на зголемувањето на платите во дејноста на средно и на основно образование, во делот на континурано зголемување на платите и конечно на започнување и завршување на колективните договори, истакна на прес-конференција претседателот на СОНК, Јоаким Неделковски.

-Во интерес на членството на СОНК и на јавноста можам да кажам дека и оваа година во основното и во средното образование ќе има зголемување на платите, тоа значи дека од овој месец, односно со октомвриската плата вработените ќе имаат покачена плата од 5%, додаде меѓу другото Неделковски.