Настрада 71-годишен велосипедист во виничко

Седумдесет и едногодишен велосипедист почина по сообраќајна несреќа во виничко.

На 26.08.2016 година во 06,40 часот на регионалниот пат Превалец-с.Смојмирово, на местото викано „Говедарски пат“, атар на Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило„Пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (1975) од Кочани и велосипедист С.М. (1945) од Виница.

Во незгодата на местото на настанот починал С.М. Увид извршиле Јавен Обвинител и екипа од Полициската Станица-Виница.

По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција.