Нови детали се познати откако беше завршен увидот по страшната сообраќајна несреќа која попладнево се случи на автопатот Куманово-Скопје.
Како што е познато во несреќата едно лице го загуби животот, а четири се повредени. Сите пет лица се членови на едно семејство од кумановското село Черкезе.
Починатиот е 44-годишниот Беадин Р., а во несреќата повредени се неговите роднини Б.Р. (27), Ф.Р. (32), А.Р. (51) и А.Р. (21).
Несреќата се случи кога автомобил марка „БМВ“ во кој било семејството удрило во заштитна банкина од засега непознати причини.