
Британските здравствени власти соопштија дека 19 пациенти кои настрадаа во пожарот во Лондон се уште се на лекување, а десет од нив се се уште во критична состојба и се лекуваат во четири болници.
Иако во текот на денешниот ден, британските медиуми информираа дека има 30 жртви, сепак, бројката е двојно поголема а не се исклучува можноста да бидат пронајдени уште повеќе безживотни тела.
Пожарот во зградата доведе гнев од заедницата и протести во врска со одговорот на британската влада. Јавноста исто така, бара одговори за тоа како пожарот се раширил толку брзо покрај извештаите дека надворешноста на зградата била неодамна реновирана.