Уставната судијка Наташа Габер, која инаку е сестра на Виктор Габер од СДСМ го оправдува кршењето, крадењето, палењето и тепањето обични граѓани за време на протестите организирани од опозицијата, пишува „Курир“.
Порталот потсетува дека во јавноста е познато оти уште во 2008 година Собранието едногласно и без дискусија, на предлог на тогашниот претседател Бранко Црвенковски ја избра Наташа Габер за судија во Уставниот суд на Република Македонија.
Наташа Габер е сестра на Виктор Габер, несуден министер за надворешни работи од СДСМ и сегашен член на Комисијата за надворешни работи на СДСМ.