НАТО даде решение за украинската криза: Ќе ја засилиме одбраната

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО се согласиле дека, како знак на одговор на украинската криза, ќе ги засилат одбрамбените капацитети на источните граници, пренесоа медиумите.

„Ќе ги засилиме воздушните и поморски патроли, од Балтичкото до Црното море“, изјавил на нoвинарите генералниот секретар Андерс Фог Расмунсен, после првиот ден на министерскиот совет во Брисел.

Расмунсен рече дека се подготвуваат долгорочни мерки за да се зголеми нивото на борбената готовност на НАТО ширум државите на Алијансата.

Тој му се заблагодари на претседателот Барак Обама кој им вети на НАТО членките милијарда долари за јакнење на борбената готовност.

Тоа е важен придонес и знак на сила на евроатлантската врска“, порачал Расмунсен и додал дека на состанокот е постигнат договор НАТО да и помогне на Украина да ги реформира и унапреди своите одбранбени сили.

Расмунсен истакнал дека НАТО не влегува во нова студена војна со Русија и објаснил дека студената војна бил идеолшка борба меѓу два големи меѓународни блокови.