![nato-696x440](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/nato-696x440.jpg?resize=696%2C440&ssl=1)
Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во четвртокот ќе се договорат за нов мастер план за одбрана од секакoв потенцијален руски напад на повеќе фронтови, и покрај новата насоченост на Алијансата кон Кина, пренесува Reuters повикувај’и се на дипломати и функционери во пактот.
Стратегијата која е доверлива ги надминува постојните регионални одбранбени планови и има цел да се подготви за секој истовремен напад во регионите на Балтичкото и на Црното Море, по можност вклучувајќи го и нуклеарното вооружување, хакирање на компјутерските мрежи или напад од Вселената.
Функционерите и дипломатите велат дека таквиот напад не е непосреден. Русија повеќепати наведе дека нејзиното вооружување не е офанзивно и дека нема какви и да се воени намери, но потсетува дека токму НАТО постојано ги зголемува своите борбени капацитети на нејзините граници и предупредува дека токму таквите потези на Алијансата се ризици за дестабилизацијата на Европа.
Американски функционери, дипломати во НАТО и поранешни функционери за Reuters велат дека „Концептот за одвраќање и одбрана во евроатлантскиот простор“ е потребен додека Русија ги развива напредните системи за вооружување и респоредува трупи и опрема поблиску до сојузничките граници.
Москва, пак, тоа го објаснува со континуираниот раст на бројот војници и опрема на НАТО на нејзините граници, со речиси секојдневните нарушувања на нејзиниот воздушен и поморски простор од летала и пловила на Алијансата, како и со големиот број континуирани воени маневри на нејзините граници.
Во мај годинава Русија изведе во неколкудневни маневри кон своите јужни граници кон Украина oколу 100.000 војници, според западните функционери. Во септември Москва ги демонстрираше своите нови борбени роботи на традиционалните воени маневри со Белорусија што ги преплаши балтичките членки на НАТО.
Во Алијансата, исто така, стравуваат и од активностите на Русија која се врати на обновување и замена на советските вселенски потенцијали за кои во Брисел сметаат дека се воени и оти би можеле да напаѓаат сателити во орбитата, летала какви што веќе развиваат и САД и Кина. Во НАТО, исто така, се загрижени и од руското развивање на технологиите кои се темелат на вештачката интелигенција за кои велат дека се насочени кон попречување на сојзуничките командни системи.
Особена загриженост предизвикува развивањето од страна на Русија, како што го нарекуваат – „супер оружјето“. Станува збор за систем откриен во 2018 година кој вклучува повеќе типови крстосувачки ракети кои може да носат нуклеарни боеви глави и летаат со брзина најмалку пет пати поголема од брзината на звукот, и поради опременоста со низа локатори за откривање на радарски системи имаат неправилно движење одејќи кон целта ниско над копното или директно од орбитата со што ги избегнуваат системите за рано предупредување.
Пензионораниот американски генерал Бен Хоџис, кој командувањеп со американските сили во Европа од 2014 до 2017 година, за Reuters вели дека се надева оти стратешкиот план ќе доведе до усогласенот во колективната одбрана на НАТО, што значи повеќе ресуси во црноморскиот регион. Имајќи го предвид и неизбежниот руски одговор, тоа значи целосна и опасна милитаризација на овој регион.