Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги предупреди Русија и Белорусија да не им се закануваат на земји членки на Северноатлантскиот воен сојуз, откако белоруските власти пред ве седмици поради лажна закана со бомба принудно приземјија патничка авион на лет меѓу две земји членки на Алијансата и на Еврипската унија, се наведува во изјавата објавена во неделата.
„Секако дека во итни случаи сме подготвенин да го заштитиме и одбраниме секој сојузник од кој и да е вид закани која доаѓа од Минск и од Москва“, рекол генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за весникот Welt am Sonntag.
Додал дека „со големо внимание“ следат што се случува во Белорусија.
„Белорусија станува сѐ повеќе и повеќе зависна од Русија“, истакнал Столтенберг.
Челникот на НАТО, сито така, рекол дека сојузот „сериозно е загрижен поради блиската соработка на Москва и Минск последните месеци“.
„Од минатото моравме да научивме дека Русија масовнни го кршела територијалниот интегритет на државите како што се Украина, Грузија и Молдавија“, додал Столтенберг.
Меѓутоа, Столтенберг посочил дека НАТО е одбранбен сојуз.
Оваа изјава всушност е алудирање дека Литванија, Латвија и Полска се членки на НАТО кои ја делата границата со Белорусија, а кои властите во Минск ги обвинуваат дека учествуваат за главно учество во обидите на Западот за преврат во белоруската држава распоредувајќи ги своите стратешки сили на границите со овие земји.
Пред две седмици комерцијалниот лет на компанијата „Ryanair“ на летотот меѓу Атина и Вилнус, беше приземјен во Минск. Белорускиот дисидент Роман Протасевич и неговата девојка руска државјанка Софија Сапега се приведени по прегледот на патниците.
Тое се сѐ уште во притвор, а Протасевич изминатата седмица даде покајничко интервју за државната белоруска телевизија ОНТ, во коешто покрај признавањето на вината за поттикнување на протестите во Минск, зборува и за текот на парите за белоруската опозиција, постоењето вооружени групи во Белорусија, нивното учество во кончлфиктот во Украина, за ткн пренесува на дисидентските активности на ткн „руска агенда“ и состојбата во белоруската опозиција.
Брисел на случајот одговори со воведување нови санкции против Белорусија, а рускиот претседател Владимир Путин го прими белорускиот колега Александр Лукашенко кој му предаде документација до кои дошле неговите безбедносни служби, а Белорусија доби значајна финансиска помош од Москва.