НАТО го именуваше американскиот генерал Волтерс на водечката позиција во Европа

Американскиот генерал Тод Волтерс е именуван во петокот на местото на нов врховен командант на НАТО за Европа (SACEUR) и ја презема одговорноста за сите воени операции на Алијансата од генералот Куртис Скапароти во време на обновени тензии со Русија.

Споменатата должност е „една од напредивикувачките и најважни воени позиции во светот“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на свеченото примопредавање на должнсота во белгискиот град Монс.

Волтерс претходно бепше врховен командант на американските воздухопловни сили во Европа, и одговорен за воздушната и противракетна одбана во 29-те земји членки на НАТО. Командувал со американските воздухопловни сили во 104 земји во Европа, Африка, Азија и на Блискиот исток.

Промената на главниот американски офицер се случува во периодот додека НАТО се подготвува за многу веројатното завршување на американско-рускиот договор за нуклеарните проектили со кус и среден дострел, со кој Европа беше заштитена последните три децении.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави на 20-ти октомври дека САД предвидуваат излегување од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty) кој во 1987 година го потпишаа тогашните лидери – американскиот и последниот советски челник, Роналд Реган и Михаил Горбачев. Договорот INF беше потпишан на 8-ми декември 1987 година, а стапи на сила на 1-ви јуни 1988 година. Со него се опфатени распоредените и нераспоредените проектили со помал дострел, од 500 до 1.000 километри, и со среден дострел, од 1.000 до 5.500 километри
.
Сепак, САД ја обвинуваат Русија за кршење на договорот со крстосувачката ракета „Новатор 9М729“, позната и како „SSC“ според номенклатурата претставена претходно оваа година. Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец се закани дека ќе се повлече од договорот. НАТО, исто така, ја предупреди Русија за новиот ракетен систем.