![kiberneticki napad](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/kiberneticki-napad.jpg?resize=696%2C395&ssl=1)
Северноатлантската воена алијанска (НАТО) и Европската комисија објавија во саботата дека ги проверуваат своите информатички системи откако владините агенции во САД дури по неколку месеци открија дека биле цел на голем кубернетички напад, и вообичаено без никакви докази Вашингтон за тоа ја обвинува Русија, додека американскиот претседател Доналд Трамп го минимизира значењето на нападот и можната вмешатност на Москва.
„Во оваа фаза не најдовме ниеден доказ дека била компромитираната безбедноста на која и да е мрежа на НАТО. Нашите експерти продолжуваат да ја проучуваат ситуацијата за да ги идентиикуваа и намалт сите можни ризици за нашите мрежи“, изјавил за AFP неименуван извор од Алијансата.
Американскиот технолошки гигант „Microsoft“ во четвртокот ноќта објави дека известил повеќе од 40 клиенти погодени од пиратскиот софтвер, додавајќи дека повеќето од нив се наоѓаат во САД. Притоа, компанијата извести и дека ќе започне со производство со сопствени процесори.
Меѓу погодоените земји е и Белгија, каде што се седиштата на НАТО и на Европската унија, како и Канада и Велика Британија.
Хакерите успеале да г компромитираат софтверот „Orion“ на американската компанија „ SolarWinds“ кој се користи за управување со информатичките мрежи на големи компании или администрацијата и нивниот надзор. Функционерот на НАТО рекол дека организацијата го користи софтверот на „ SolarWinds“ во некои свои информатички системи.
„НАТО, исто така, има своја информатичка екипа за брзи интервенции којашто може да биде активирана во кој и да е момент и нашиот оперативен центар за сајберпросторот функционира нормално“, истакнал функционерот кој инсистирал да остане неименуван.
Од Европската комисија, исто така, за AFP рекле дека единствениот софтер на „ SolarWinds“ кој го користат „не бил погоден во инцидентот“, но нејзините служби ја „анализираат ситуацијат“.
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата го минимизираше значењето на кибернетичкиот напад и штетите д него во САД, и се сомнева во можната улога на Русија, иако неговиот државен секретар Мајк Помпео ден претходно речиси по инерција и без докази оценил дека го спровела Москва.
„Кибернетичкиот напад е многи поважен во медиумит ‘Лажни вести’ отколку во стварноста. Сѐ е под контрола. Русија, Русија, Русија тоа е главното мото кога нешто ќе се случи, иако то би можела да биде Кина“, напиша Трамп на Twitter.
Иако кибернетичките експерти се главно резервирани, функционери во Вашингтон изјавија дека „веројатно“ за нападот е одговорна Русија, којашто категорично ги отфрли обвинувањата.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека „е јасно“ оти зад хакерскиот напад врз САД стои Москва, и го нарече „најлошиот во историјата“ на земјата.
„Тоа бил голем потфат и мислам дека сега можеме јасно да кажеме дека го воделе Русите“, рече Трамп.
Русија остро ги демантираше обвинувањата за вмешаност во оваа афера, потсетувајќи дека во изминатите години повеќекратно се зголемиле хакерските напади изведувани од териријата на САД врз компјутерските мрежи на државаните системи на руска територија. „Русија не изведува напади во кибернетичкиот простор“, објави руската амбасада во Вашингтон.
Според Џон Диксон, од компанијата за кибернетичка безбедност „Denim Group“, многу приватни компании кои потенцијално се ранливи прават сѐ за да ги зајанкат безбедносните мерки, па дури и разгледуваат повторна изградба на серверите. „Толку е голем, пто сите сега ја проценуваат штетата“, рече Диксон.
Но во саботата се шири обемот на кибернетичкиот напад со откривање на нови жртви надвор од САД, што предизвикува страв од шпионажа.
Според некои информации сомнителните хакерски активности се откриени во голем број компутерски системи во САД, вклучително и во Националната лабораторија Лос Аламос, каде што се изведуваат тајни истажувања на нуклеарно вооружување. Според оцените на американската Националната управа за нуклеарна безбедност (NNSA), ќе бидат потребни најмалку неколку седмици за спроведување на истрага за процена на нанесената штата, соопшти американското министерство за енергетика.
Американските медиуми, редум повикувајќи се на неименувани разузнавачки извори, пишуваат дека бројни американски владини управи и агенции биле хакирани, и притоа се наведува дека нападите биле наводно поврзани со Русија, но за тоа не биле најдени докази. Претходно во четвртокот, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кусо коментираше за новинарите дека Москва нема никаква врска со на што се случило во САД за што известуваат медиумтие.
Агенцијата за кибернетичка безбедност и инфраструктура (CISA) наведува дека било тешко да се открие упадот и дека нема да биде лесно да се отстрани софтверот кој е уфрлен во компјутерските системи. Од CISA не објавија кои агенции или инфраструктури биле нападнати, ниту кои информации се земени при хакирањето коешто, како што претходно беше објавено, започнало во март годинава.
Од CISA, исто така, не наведуваа кого сметаат за одговорен за нападите, но истакнуваат дека станува збор за „трпелив, насочен противник со обилни финансиски ресурси кој ги изведувал активностите низ подолг период“.
Наведуваат и дека американските власти ќе ги преземат неопходните мерки за да се заштитат од кибернетички напади. „Спречувањето на заканите врз компјутерите сигурно ќе биде сложен и тежок процес“, се наведува во објавата.