
Американската војска ќе распореди околу 150 тенкови и други оклопни возила во повеќе земји членки на НАТО, од кои дел ќе бидат сместени во источна Европа.
Тие ќе учествуваат во воени вежби и маневри, информирал вчера генералот во армијата на САД, Бен Хоџис, кој е главен команднат на копнените сили во Еворопа, објавува АФП, пренесува Нетпрес.
Тој план е дел од операцијата „Atlantic Resolve“, чија цел е да се уверат балтичките земји и Полска, Романија и БУгарија, кои се длабоко загрижени поради маневрите на руската војска, дека НАТО е со нив.
Покрај распоредувањето на оклопните борбени возила, и копнени сили ќе бидат испраќани редовно на неколку месеци, за да учествуваат во зеднички воени вежби во тие земји.
„Воените сили ќе доаѓаат и ќе си заминуваат, додека опремата ќе останува“, рекол генералот Хоџис.
Според него, тоа всушност е многу поекономично отколку пред секоја воена вежба да се транспортираат возила и опрема преку Атлантикот.