НАТО ја појачува одбраната кај Средоземното и Егејското море

нато

Според него, операцијата во Егејското Море, која е насочена кон незаконското минување на мигранти во Европа, ја докажала својата политичка и практична корист.

Новата операција во Средоземното Море ќе го носи името „Морска стража“. Таа ќе биде преземена како поддршка на военоморската операција на ЕУ – „Софија“. Столтенберг нагласи дека Турција и Грција веќе изразиле подготвеност да испратат свои бродови за операцијата, а обезбедени се и разузнавачки авиони од сојузниците.