НАТО контингентот преку Амбасадата на САД донираше техничка опрема за радовишките пожарникари, соопштија од Општина Радовиш.
Опремата се состои од противпожарни шлемови, гумени чизми, сет алати (секира, јаже,клешти, пила), противпожарни огноотпорни одела, балаклави и носачи за белодробен апарат со маска.
Од Општината додаваат дека ТППЕ Радовиш е дел од неколкуте противпожарни единици во државата, кои се опфатени со донација на техничка опрема од НАТО контингентот за да им се помогне на единиците во опремувањето за ефикасно извршување на интервенциите.