НАТО меѓу главните закани за Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша денеска Указ за воена доктрина на Русија, соопшти Кремљ, потенцирајќи дека со тој документ е прецизирана постоечката доктрина.

Тасс наведува дека во новиот текст е јакнење на воениот потенцијал на НАТО меѓу главните надворешни закани за Русија.

Покрај тоа, меѓу главните закани се и глобалните функции на НАТО што се остваруваат со кршење норми на меѓународното право како и приближување на воената инфрасктура на државите-членки на Алијансата кон руските граници.

Воената доктрина на Русија меѓу главните надворешни воени опасности ги смета и инсталирањето и јакнењето на странските воени контригенти во државите кои и се во соседство, користење воена сила на нивна територија со кршење норми на меѓународното право, нови жаришта и ескалација на оружени конфликти.

На листата на надворешни опасности се и територијални претензии спрема Русија и нејзините сојузници и мешање во нивните внатрешни работи. Доктрината е прецизирана во согласност со одлуката на Советот за безбедност на Русија од 5 јули 2013 година, а измените се од 19 декември оваа година.