НАТО мора да понуди „силен, координиран“ одговор на инцидентите во кои руски ракети или беспилотни летала лансирани кон Украина го нарушуваат воздушниот простор на Алијансата, изјави во средата романскиот министер за одбрана Ангел Тилвар.
Источните земји-членки на НАТО, поранешни членки на Варшавскиот договор предводен од тогашниот Советски сојуз кои воено и логистички ја помагаат Украина во војната против Русија, а чии министри за одбрана се состанаа во средата во романската престолнина Букурешт постојано тврдат дека активностите на Русија во регионот на Црното Море се извор на длабока загриженост.
Руски беспилотни летала навидно се урнале претходно во септември откако навлегле во воздушниот простор на членките на НАТО – Романија и Латвија а Полска двапати – лани и годинава – извести дека руски ракети влегле наводно во нејзиниот воздушен простор, што поттикна повици за заедничка акција за да се спротивстави на нарушувањето на рускиот воздушен простор.
Минатата седмица Украина ја обвини Русија дека користи стратешки бомбардери за цел на цивилни бродови што пренесуваат жито во ракетен напад во Црното Море во близина на Романија, што дополнително ги зголеми тензиите меѓу Москва и НАТО. Русија, пак, тврди дека под изговор на таквите ткн „житни товари“ по рутите кои ги прогласи за опасни за пловење всушност во украинскиот црноморски пристаништа се испорачува западна оружјел.
„Земјите (членки на организацијата) Б9 се длабоко загрижени поради повторените упади на руски беспилотни летала и ракети во воздушниот простор на НАТО во Полска, Романија, Латвија, како и за ескалацијата на тензиите на источното крило на НАТО“, им рече Тилвар на новинарите на регионалната групација на членки на Алијансата.
„Затоа, потребен е силен, координиран одговор на ниво на Алијансата, како и примена на ротациона воздушна одбрана и интегриран противракетен модел што е можно поскоро“, додаде.
Полскиот заменик-министер за одбрана Павел Залевски изјави дека состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во октомври ќе треба да биде посветен на прашањето за уништување на беспилотни летала кои влегуваат во воздушниот простор на сојузниците.
„Потврдивме хибридни напади врз сојузниците, како и учество на Белорусија во руските акции“, додаде Залевски.
Романија дели 650 километри долга граница со Украина, а остатоците од руските дронови во неколку наврати залутале на нејзината територија, како што тврди Букурешт. Романската територија е блиску до украинските речни пристаништа на Дунав, кои се чести мети на руски напади.