НАТО нарачува противвоздушни ракети „Stinger“ за 700 милиони долари

Северноатлантскио воен сојуз нарачал противвоздушни ракети „Stunger“ во вредност од речиси 700 милиони американски долари во име на неколку земји членки, изјави во вторник вечерта генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг.

„Токму денеска, агенцијата на НАТО за набавки NSPA потпиша нов мултинационален договор за ракети ‘Stinger’ во износ од речиси 700 милиони долари“, рече Столтенберг на собирот на челниците на военоиндустрискиот комплекс во текот на самитот на НАТО во Вашингтон.

Последниот договор за ракетите „Stinger“, направен од дивизијата RTX на американскиот производител „Raytheon“, беше обезбеден во мај 2022 година, кога американската војска нарача проектили за противвоздушна одбрана во вредност од 625 милиони долари за дополнување на резервите испратени во Украина.

Преносливите противвоздушни ракети „Stinger“ се итно потребни во Украина, каде што успешно, како што се тврди, наводно ги запреле руските воздушни напади, но и во соседните европски земји коишто, исто така, стравуваат дека наводно ќе мора да ги одбијат руските сили.

Нарачката на НАТО на „Stinger“-ите ќе овозможи производството на тие ракети да трае до 2029 година, изјави портпаролот на RTX за Reuters.