НАТО не треба да има илузии дека Русија ќе се помири со членството на Шведска и Финска, порача Рјабков

Северноатлатнската алијанса не треба да има никакви илузии дека Русија туку-така ќе се помири со ширењето на НАТО на Шведска и Финска на самите руски граници, предупредувајќи дека резултатите од пристапување на нордиските земји на Алијансата ќе ги зголеми воените тензии, порача во понеделнкот Сергерј Рјабков, заменик-министер за надворешни работи.

„Ние гледаме на ситуацијата како целини. Ситауцијата, се разбира, радикално се менува во заднината на она што се случува. Неодамна коментарите од наша страна беа дадени на различни нивоа. Сево ова е одраз на апсолутно лажна и искривена перцепција за она што се случува во светот од страна на политичките гругови на Западот и, особено, во земјите на Северна Европа“, рече Рјабков одговарајќи на новинарско прашање.

Рускиот претседател Владимир Путин и неодамна повтори дека една од причините за руската воена интервенција во Украина е неисполнувањето на договор од страна на НАТО да не се шири кон границите на Русија во постоветскиот период, како и недоговарањето на договорот за безбедносните гаранции кој кон крајот на минатата година Москва му го понуди на Западот. Сега станува јасно дека стратегијата била да се изнуди реакција на Русија и забрзано примање на други земји членки во НАТО, особено Финска и Шведска, и создавање „глобално НАТО“, како што порачува Лондон.

„За нас е сосема очигледно дека безбедноста на Шведска, како и на Финска нема да зајакен како резултат на оваа одлука. А во каква форма ќе ја осигуриме нашата бебзедност по промената на кофигурацијата на НАТО е одделно прашање“ Тоа ќе зависи од тоа како, во практична смисма ќе биде резултатот од очекуванот пруиклучување на Шведска и Финска во Северноатлантската алијанса“, додаде Рјабков.

„Не треба да имаат никакви илузии дека ние едноставни ќе се помириме со тоа, и во Брисел и во Вашингтон и во другите престолнини на НАТО. Односно, општото ниво на воени напнатости ќе се зголеми и ќе има помала предвидливост во оваа сфера“, рече Рјабков.

Влегувањето на двете земји во НАТО би била „голема грешка со далекусежни последици“, додаде Рјабков и предупреди дека воените тензии во регионот би се зголемиле со пристапување на Финска и Шведска и оцени дека „такво е нивото на оние кои ги носат политичките одлуки во споменатите земји“. Изрази и жалење, како што рече, што „здравиот разум се жртвува за некои фантомски идеи за тоа што треба да е прави во сегашната ситуација“.

Русија многу малку навесто за тоа што ќе биде нејзиниот одговор на нордиското проширување на НАТО, посочувајќи дека ќе има „воено-технички и политички одоговор“. Некои руски функционери во април најавија дека Русија би можела да одговори со распоредување нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во руската балтичка енклава Калининград.