НАТО не го засилува своето воено присуство во источна Европа, но внимателно ја следи ситуацијата во Белорусија, се наведува во, писмената изјава објавена во неделата во Брисел, откако белорускиот претседател Александр Лукашенко предупреди дека војските на на Северноатлантската алијанса се групираат во соседните Полска и Литванија.
„Нема никакво зголемување (на војските) на НАТО во регионот. Мултинационалното присуство на НАТО на источното крило на Северноатлантскиот сојуз не прествува закана за ниедна земја“, изјави официјалната портпарола на Алијанската, Оана Лунгуску,
Истакна дека прусуството на војските на НАТО е „строго одбранбено, среазмен и насочено за одвраќање конфликти и зачувување на мирот“.
Како што истакнува Лунгеску „НАТО внимателно ја следи состојбата во Белорусија“. Ја повторува изјава на генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој ги повика белоруските власти „да ги почитуваа основните слободи, вклучително и слободата на говорото и правото на граѓаните на мирен протест“.
Претходно во неделата белорускиот претседател Александр Лукашенко во текот на обраќањето пред неговите поддржувачи во Минск, на митингот на кој според процените на медиумите се собрале околу 65.000 луѓе, изјави дека западните земји го зајакнуваат своето воено присуство на границите на неговата земја. Според Лукашенки, „тенковите и авионите“ на НАТО се стационирани „на само 15 минути“ од белоруските граници.
Во саботата ноќта Лукашенко имаше итен состанок со членовите на Генералштабот на белоруската армија и нареди распоредување на споцијалните противвоздишни сили на границите со Полска и Литванија каде што започнаа воени маневри на НАТО.