НАТО нема воено да ја поддржи Турција во Идлиб

НАТО нема да и даде на Анкара воена поддршка во случај на операција на Турција во Северна Сирија, изјави дипломатски извор во Брисел.

Државите од Алијансата не поддржуваат активирање на Членот 5 заради убиството на турски војници во Идлиб во почетокто на февруари, нагласил изворот.

Тој додал дека НАТО не разгледува можност за воена помош на Турција во случај на операции во тој регион. Смртта на турските војници во Идлиб се случува во рамки на еднострана воена операција на странска територија и тоа е вон ингеренциите на Членот 5. Тоа го разбира и турската страна и затоа таа држава не иницира консултации во НАТО за таа тема, појаснил изворот.