НАТО планира зајакнување на постојаното воено присуство во источна Европа

НАТО планира да го зголеми присустноста на војниците на своите земји членки на своето источно крило во влизина на Украина, а всушност во близина на руските граници, дознава германската новинска агенција DPA од извори блиски на Алијансата, и покрај барањата на Москва воениот пакт да го стори токму спротивното.

Триесетте земји членки на Алијансата го потпишале тој предлог по повеќенеделни расправи оваа седмица кои се однесува на зголемување на военото присуство, дознава DPA во петокот.

По избувнувањето на украинската криза во 2014 година по превратот во Киев, отцепувањето на источните региони во областа Донбас и откако црноморскиот полуостров Крим, со доминатно руско население со два референдуми си ја врати укинатата автономија и се присоедини на Русија што Западот не го признава, НАТО распореди четири борбени ударни мултинационални групи во Естонија, Литванија, Латвија и Полска.

Откако, во прв ред САД и Велика Британија, започнаа да алармираат дека Русија наводно подготвува инвазија врз Украина со разместување на околу 100.000 војници во близина на украинската граница, веднаш започнаа планирањата за распоредување дополнителни трупи на НАТО во државите како Романија, што беше стратегија усвоена уште на самитите на Алијансата пред една деценија.

Словачка и Бугарија, исто така, би можеле да бидат дестинации на дополнителни трупи на НАТО, а Франција веќе поднуди водство на борбена група на НАТО во Романија. „Многу други сојузници“ се псремни да дадат свој придонес, изјави во петокот во Романија генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Унгарија, којашто исто така е на источното крило на Алијансата, претходно во јануари соопшти дека нејзините сили се доволни за осигурување на безбедноста и оти не гледа потреба за сместување на сило на НАТО на нејзина територија.

Спомената одлука би требало да биде потврдена и објавена на средбата на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО следната седмица во Брисел, наведува DPA, а може да биде спроведена во рок од неколкуте следни седмици.

Рускиот претседател Владимир Путин го повика НАТО, меѓу другото, да го запре своето ширење на исток во близина на руските граници и да ги повлече мултинационални и странски сили од земјите членки кои во Алијансата влегоа по 1997 година односно пред формирањето на Советот НАТО-Русија, па ваквиот развој на настаните би можел да ги разгори и онака големите тензии во регионот, се додава во прилогот на DPA.

Русија ги обвинува САД и Велика Британија, кои се сметаат за највлијателни во НАТО, дека со ширењето страв од наводна „руска агресија“ и тврди дека апсолутно нема никакво план да ја нападне Украина. Но предупредува дека има „црвени линии“ а тоа е стриктно да се спроведе мировниот договор од Минск од 2015-та, како и дека единствен начин за стивнување на тензиите е Западот да се согласи на руските предлог-договори за безбедноста на Русија објавени во декември.