НАТО презема сè поактивна улога во конфликтот во Украина, тоа е опасно и неодговорно

Улогата на НАТО во украинскиот конфликт се зголемува, што е опасно, па дури и неодговорно, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на самитот на Северноатлантската алијанса во Вашингтон.

„НАТО е основан пред 75 години со цел да ја заштити безбедноста на своите членки. Денес, сепак, се чини дека се оддалечува од својата првобитна цел, се однесува се повеќе како воена организација. Еден од знаците за тоа е дека НАТО презема сè поактивна улога во руско-украинската војна Според нас, ова е опасно, па дури и неодговорно, бидејќи никој не може да види како ќе заврши ова или каде ќе завршиме“, рече премиерот во видео објавено на неговиот X профил.

Орбан вели дека дека „ НАТО треба да се врати на својот оригинален дух“. Тој додаде дека алијансата „не треба да ги добива војните што се водат околу неа, туку мирот“. Орбан повтори дека Унгарија нема да учествува во мисијата НАТО-Украина, но целосно ќе ги исполни своите обврски кон сојузниците.