Во НАТО ја проучуваат можноста за изградба на гасовод кој би ја поврзал шпанската покраина Каталонија и соседна Франција со што би се намалила зависноста на централна Европа од рускиот гас, пишува во неделата весникот La Vanguardia, повикувајќи се на извори во шпанската влада.
Според сознанијата на тиражниот дневен весник кој излегува во каталонската престолнина Барселона, иницијативата за воспоставување на гасоводот Midcat била блокирана пред три години од шпанските и француските регулатори, бидејќи сметале дека неговата изградба нема да биде исплатлива во контекстот на брзата замена на гасот со обновливите извори на енергија.
„Новата транспиринејска врска би била за испорака на алжирскиот гас и течниот природен гас (LNG) во централна Европа, кои би можело да се складираат и преробатуваат во осум постројки за регасификација лоцирани во Шпанија и Португалија“, се појаснува во написот.
Се додава дека прашањето за можно „рестартирање на новата прегугранична врска со Франција за испорака на гасот до срцето на Европа во моментов е на работните маси на (земјите членки) на НАТО.
„Германија е многу заинтересирана за проектот“, тврди соговорникот на весникот, додавајќи дека големата зависноста на Берлин од рускиот гас „сега се чини дека е една од главните геостратешки слабости на Европската унија“.
„САД силно ја притискаат Германија да го суспендира, барем на одредено време, гасоводот Северен тек 2 во рамките на пакетот за заканите против Русија (поради нејзниот наводен напад врз Украна), наведува весникот. Но додава дека Берлин „не сака да ја изложи на ризик својата индустрија“, се додава во написот.
Во текстот, исто така, се истакнува дека во моментов не постои ткн Пиринејски тек со капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, колку што е капацитетот на Северен тек 2 кој природниот гас од рускиот далечен исток по морското дно на Балтичкото Море ќе го транспортира до Германија. Во моментов постојата два приклучока преку шпанските покраини Баскија и Навара кои вкупно даваат 7 милијарди кубни метри гас годишно, а според La Vanguardia гасоводот Midcat би дополнил уште најмалку 7 милијарди кубни метри гас годишно.
„Midcat може да биде вратен… Германија сега гледа со интерес на овој проект, затоа што има потреба од алтернативни извори за снабување (со енергенси), а исто така и затоа што е заинтересирана за производството на ткн ‘зелен’ водород од северна Африка“, се додава во написот.