
НАТО се обидува сѐ повеќе да учествува во конфронтацијата меѓу САД и Северна Кореја, обвини во неделата официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи во Пјингјанг, пренесе Корејската централна телеграфска агенција (KCNA).
Причината за коментарот беше изјавата на НАТО во која се критикува развојот на, како што велат во Пјонгјанг“, „соработката меѓу суверените држави, вклучително и КНДР“ (офицјалното име за Северот). Според него, НАТО „шири крајно нездрава глупост дека ги осудува сите земји кои го провоцираат и продолжуваат“ конфликтот во Украина.
„Оваа изјава, објавена заедно со посетата на новиот генерален секретар (Холанѓанецот Марк Руте) на НАТО на Украина, јасно покажува дека НАТО, незадоволен од активното учество во непријателската политика на својот лидер кон КНДР, се обидува да влезе во првиот ров на фронтот во конфронтација со нашата република“, рекол портпалролот на севернокорејската дипломатија.
Го нарекол НАТО „воено чудовиште кое требаше да исчезне со крајот на Студената војна“ и рекол дека Алијансата „ја испровоцира ситуацијата во Украина за да го оправда своето постоење“ и оти сега „ги проширува црните пипала до Корејскиот полуостров“ и во азископацифиочкиот регион.
„Провокативните акции на НАТО, кои стануваат сè поочигледни на Корејскиот полуостров и во азископацифичкиот регион, даваат уште една причина за неговото исчезнување, а не за продолжување на постоењето на ова злобно сениште на војната“, порачаа од Пјонгјанг. „Целосната одговорност за последиците ќе биде на НАТО ако организацијата „продолжи да се држи до непријателска политика“ кон Пјонгјанг, предупредил севернокорејскиот дипломат.