Изјавата на челниците на НАТО дека патот на Украина кон НАТО е „неповратен“ покажува дека Алијансата е посветена на тоа Киев да се приклучи во нејзините редови, изјави во средата генералниот секретар на НАТО во заминување, Јенс Столтенберг.
„Ова е силна порака од сојузниците во НАТО дека навистина сакаме Украина да се приклучи, дека работиме со Украина за да го оствариме тоа“, рече тој на прес-конференција на самитот на НАТО во Вашингтон.
Во исто време, западната воена алијанса објави дека новата американска база за воздушна одбрана во северна Полска, дизајнирана да открива и пресретнува напади со балистички ракети како дел од поширокиот ракетен штит на НАТО, е подготвена за мисијата.
Говорејќи на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон, шефот на алијансата Јенс Столтенберг рече дека подготвеноста на базата е важен чекор за трансатлантската безбедност наспроти растечката закана од балистичките ракети.
„Како одбранбен сојуз, не можеме да ја игнорираме таа закана. Ракетната одбрана е суштински елемент на основната колективна одбранбена мисија на НАТО“, додаде тој, истакнувајќи дека балистичките ракети се широко користени во конфликтите во Украина и на Блискиот исток.
Системот, наречен „Aegis Ashore“, се наоѓа во северниот полски град Редзиково и е способен да пресретнува балистички ракети со краток до среден дострел. НАТО тврди дека системот е чисто одбранбен, но Русија како и во минатото при поставувањето на американскиот ракетен штит во Европа започнат кон средината на 1990-те предупредува дека станува збор за системи кои имаат и офанзивна компоненнта и ги гледа како непосредна закана по својата безбдност и ги предупреува земјите во кои таквите системи се распоредуваат дека стануваат легитимна цел на руските вооруќени сили.
Околу 200 воени лица се стационирани на две локации за пресретнување во Полска и Романија, а базата во романскиот град Девеселу е оперативна од 2016 година.