НАТО се подготвува за можен втор бран на пандемијата на коронавирусот

НАТО се подготвува за можниот нов бран на пандемијата на новиот коронавирус и ќе обезбеди резерви од медицинска опрема и материјали доколку тоа се случи, изјави во вторникот генералниот секретар на северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.

„Се подготвуваме за евентуалниот втор бран“, рече Столтенберг на прес-конференцијата преку видео-врски во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

Оперативниот план за оваа активност ќе биде претставен во среда. Планот предвидува создавање резерви од опрема за лична заштита и други материјали, коишто во случај на потреба би можело брзо да се дитрибуираат, појасни челникот на НАТО.

Столтенберг додаде дека ќе биде воспоставен и посебен фонд од неколку милиони евра за купување медицинска опрема и плачање на транспортот на лекарите и пациентите доколку се јави таква потреба.

„Мерките ќе ни овозможат побрзо да реагираме на можниот втор бран на пандемијата, за потребната опрема да може да стаса на вистинското место и во вистинско време“, истакна Столтенберг.

По критиките кога Русија во екот на епидемијата во Италија испрати свои воени стручњаци да им помогнат на локалните здравствени работници да се справат со коронавирусот, вооруќетние сили на триесетте земји во НАТО се ангажирани во помагање на здравствените власти во борбата против ширењето на коронавирусот и лекување на заболените во полските болници со кои се зајакнуваат болничките капацитети. Од НАТО велат дека координирале повеќе од 350 воени летови со кои е испраќана опрема и со кои се пренесувани пациенти на лекување во другите земји членки.