Воените маневри под назив „Air Defender 23“ ќе започнат во понеделник и ќе траат десетина дена со учество на 220 воени авиони од 25 држави членки и партнери на Северноатлантскиот воен сојуз.
Вежбите ќе имаат одбранбен карактер, меѓутоа нивната цел е да се испрати порака, во прв ред на Русија, изјави за новинарите американската амбасадорка во Германија, Ејми Гатмен.
„Навистина би ме изненадило еден светски челник на не поведе сметка за тоа што тоа зборува за карактерот на овој сојуз, што значи моќта на овој сојуз, а тоа го вклучува и (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече амбасадорката на САД.
Командантот на германските воздухопловни сили Инго Герахар изјави дека вежбата наводно била планирана уште во 2018 година, кога доминантно руското население на црноморскиот полуостров Крим по превратот во Киев во 2014 година и укинувањата на некои права, преку два референдума одлучи да ја врати автономијата укината во 1991 година со осамостојувањето на Украина, и да се врати во составот на Русија од која е издвоен во 1954 година во времето на Советскиот сојуз, што Киев и меѓународната заедница сега го сметаат за нелегална руска анексија на украинска територија.
Сепак, додаде генералот Герхарц, вежбата „Air Defender 23“ не е насочена „против никого“. „Ние сме одбранбен сојуз и вежбата е така и замислена“, додаде.
„Оваа вежба треба да ја потполни постојаната присутност на Соединетите држави во Европа и да обезбеди обука на повисоко ниво од онаа којашто вообичаено се изведува на континентот“, изјави генералот Мајкл Лох, шеф на американската Воздухопловна национална гарда.
Според амбасадорката Гатмен, засега не е планирано „Air Defender“ да бидат редовни вежби, но „не сакаме да бидат и последни“.
Одговарајќи на прашањето за можното нарушување на цивилниот воздушен сообраќај во текот на маневрите, генералот Герхарц истакна дека планерите направиле „сѐ што е во нивната моќ“ за да го спречат доцнењето и откажувањето на цивилните летови, додека во некои делови од Германија започнуваат училишните распусти.