НАТО сертификатот ќе биде пресуден за директорот на АНБ

За новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски веќе неколку месеци се поврзуваат контроверзии и обвинувања, за кои што вчера  Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) посочи дека се неосновани. ДКСК утврди дека нема основ за постапување по наводите за судир на интереси и корупција во врска со именувањето на Бојан Христовски за директор АНБ.

Дали Бојан Христовски ќе добие НАТО сертификат?

За Христовски имаше безброј лажни обвинувања: Имал лажен TOEFL, му оспоруваа дека завршил Економски кој впрочем не му треба за оваа функција, има ДИФ и безбедност. ДКСК излезе и рекоа дека нема ништо спорно, оградувајќи се дека нема механизам за проверка на автентичноста.

„Напорно се обидуваат да направат приказна таму каде нема. Просто неверојатно. Се наоѓаме среде една офанзива на ботови против Бојан Христовски“.

Кој ќе одговара доколку Христовски добие НАТО сертификат?

„Бојан Христовски како директор на АНБ треба да добие НАТО сертификат од Алијансата. Таму проверките не се едноставни туку одат во детали. НАТО не даде сертификат на многу наши ликови меѓу кои и Фрчкоски, Виктор Димовски итн. НАТО ќе му провери сѐ на Бојан Христовски, ќе провери сите дипломи, TOEFL, и ќе провери дали има судир на интерес. Доколку НАТО одлучи дека не е релевантен за оваа функција, тогаш Владата ќе биде принудена да го тргне.  Доколку Бојан Христовски добие НАТО сертификат, тогаш овие кои сега го критикуваат ќе треба да одговорат од кој центар на моќ добивале насоки да пишуваат против Бојан Христовски“, објави Лидер.мк.