Алијансата бара начини да се избегнат инцидентни судири во источниот Медиреран поддржувајќи ги дипломатските напори на Германија да се смири засега вербалниот конфликт меѓу двете свои членки Грција и Турција околу енергетските ресурси во подморјето, изјави во четвртокот генералниот секретар Јенс Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО за Reuters рекол дека западниот воен сојуз ги разгледува мерките за избегнување судир за да се спречат ненамерни инциденти во споменатиот регион во кој се наоѓаат бројни воени пловила, иако не навелгувал во поедности за тоа.
„Ја истражувам можноста за развој на механизам на НАТО за спречување на инциденти и несреќи, низа механизми за деконфлитност“, вели Столтенберг во интервјуто, по средбата со министрите за одбрана на земјите членки на Европската унија.
„Деконфликцијата“ во воен жаргон може да значи воспоставување директни комуникациски врски меѓу ривалските војски во иста област, како што направија САД и Русија во Сирија.
„Фактот дека таму има многу бродови, многу воена моќ во доста ограничена област, и самиот посебе претставува причина за загриженост“, додава Столтенберг.
Двете земји членки на Алијансата имаат жестоко разидување во перцепцијата по прашањето за правото на експлоатација на резервите на природен гас недалеку од поделениот остров Кипар, а, исто така, имаат децениски спор околу големината на протегање на нивните крајбрежни појаси, што е во несразмерна полза на Грција во однос на Турција.
Анкара и Атина ги вовлека во својот конфликт и Европската унија и соседните земји, откако претходно во август тензиите прераснаа во помал конфликт меѓу турските и грчките фрегати по судар меѓу воени пловила на двете земји. Турција и Грција, на коишто им се приклучија сојузничките во НАТО, Италија и Франција, во меѓувреме одржаа ривалски воени вежби во истата област на Средоземјето.
Столтенберг изјави дека итните состаноци кои ги оддржа германскиот министер за надворешни работи Хаико Маас оваа седмица во Атина и во Анкара треба да бидат поддржани за двете земји да ги намалат тензиите.
„Мислам дека е важно да се поддржат германските напори да се создаде платформа за дијалог, за преговори меѓу двете НАТО сојузнички, Турција и Греција“, вели Столтенберг.
Изјавите на генералниот секретар на Алијансата доаѓаат откако претходно во четвртокот беше објавено дека Турција во источниот дел на Средоземното Море на 1-ви и 2-ри септември ќе одржи воени маневри со боеви гаѓања. Во истата област од 26-ти до 28-ми август се одвиваат, пак, поморските маневри на Италија, Грција и Кипар, на кои им се прикличија и бродови на Франција.