
Во НАТО се загрижено дека Русија наводно би можела да исценира изговор за инвазија врз Украина, изјав во четвртокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, откако претходно утрото бунтовниците од проруските региони во Донбас објавија дека бил отворен оган од позициите на украинската армија врз цивилни населени места.
„Загрижени сем дека Русија се обидува да исценира изговро за вооружен напад врз Украина, сѐ уште не е јасно, нема сигурност во поглед на руските намери“, изјави Столтенберг за новинарите по дводневнито состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во седиштето во Брисел.
И покрај објавите од Москва за повлекување на дел од единциите од близина на границата со Украина, во НАТО не гледале сѐ ушет повлекување на руските војници од областа на нејзина територија.
„Постојат сигнали од Москва дека дуипломатијата би можела да продолжи, но досега не видовме никакви знак за повлекување или деескалација“, изјави Столтенберг пред министрите за одбрана.
Британскиот министер Бен Валас, кој имаше неуспешна посета на Москва, изнесе непотврдени и недокажани податоци според кои 60 отсто од руските копнени сили наводно сега се концентрирани во близина на украинските гранци или, како што рече 150.000 или повеќе во вистински бројки.
Коментарот на Валас е во синхронизација, каква што е од почетокот на укранската криза меѓу Вашингтон и Лондон, со изјава на неименуван американски функционер во средата, кој рече дека и покрај тврдењата на Москва, таа и натаму испраќала војници на границата „можеби дури и 7.000 последните денови“.
Западните земји повеќепати ја обвинија Русија дека во областа која е под контрола на проруските милиции наводно планира да поттикне инцидент или да го предизвија за да оправда напад врз Украина. Москва, од своја страна за такво сценарио го обвинува Западот кој последните денови невидено ја вооружува со офанзивно оружје украинската армија и го поттикнува Киев на воено решение во Донбас. Притоа, наведува дека САД и нивните сојузници со такви намери наводно наредиле повлекување на нивните претставници во набљудувачката мисија на ОБСЕ во источна Украина.