![112256175](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/112256175-17.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Во настојување да се спречат хакерите и другите закани, вклучувајќи ги и иранските ракети, вложувањата на НАТО покажуваат дека судирите се се поголеми на мрежата, исто како и на море, копно или воздух, пренесува БТА.
Високиот функционер во Информациско-комуникацискиот оддел на НАТО, изјави дека плановите подразбираат инвестирање 1,7 милијарди евра во сателитска комуникација за поголема поддршка на воените трупи и бродови на Алијансата, како и за помош при користење беспилотни летала.
Предлозите, од кои некои претходно мораат да бидат одобрени од владите на државите-членки, предвидуваат и вложување на 800 милиони евра во компјутерски системи кои помагаат во управувањето на воздушната и ракетна одбрана, изјави функционерот.
За унапредување на заштитата на 32 главни локации на НАТО од кибер напади ќе бидат вложени 71 милион евра.
Уште 180 милиони евра ќе бидат вложени во спроведување на посигурни мобилни комуникации на војниците на Алијансата на терен.