НАТО во среда официјално ќе го предложи Марк Руте за генерален секретар

НАТО во среда официјално ќе го номинира холандскиот премиер во заминување Марк Руте за свој генерален секретар, дознава агенцијата France Presse од дипломатски извори.

Амбасадорите на 32-те земји членки на НАТО треба да ја потврдат оваа номинација на состанокот на Северноатлантскиот совет, потврдиле повеќе дипломати во Брисел.

Патот за Руте беше отворен минатата седмица по повлекувањето на кандидатурата на романскиот претседател Клаус Јоханис.

Се очекува 57-годишниот Руте да ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО на 1 октомври, кога ќе го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој беше назначен во 2014 година и чиј мандат беше обновен четири пати.

Руте ќе ја води Алијансата во свет полн со политичка несигурност од двете страни на Атлантикот и со руската инвазија во Украина, како и Блискоисточната криза предизвикана одвојната на Израел во палестинската енклава Појасот Газа.

Покрај конфликтот во Украина, Руте би можел да се соочи и со новото претседателство на Доналд Трамп доколку американскиот републикански кандидат и порашен претседател, силно критичен за улогата на европските сојузници во НАТО, односно нивното според него премало вложување во колективната одбрана, се врати во Белата куќа по изборите во ноември.