НАТО воспоставува канцеларија за врски во Токио

НАТО ќе воспоставви канцеларија за врски во Токио во 2024 година, којашто ќе ја користи како центар за соработка со Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија, извести во вторниот јапонскиот дневен весник Nikkei.

Јапонскиот амбасадор во Вашингтон изјави во мај дека воениот сојуз предводен од Соединетите држави планира отворање седиште во Токио, прво во Азија, за да се олеснат консултациите во регионот, план на кој се спротистави францускиот претседател Емануел Макрон.

Во извештајот на токискиот дневен весник се додава дека НАТО ќе ја продлабочи соработката со четирите главни партнери на САД во регионот на Пацификот, подготвувајќи ги документите за билатерална соработка со секој од нив, кои ќе бидат користени како основа за соработка по прашањата, како на пример од сферата на кибернетичката безбедност и вселената.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида, исто така, минатиот месец изјави дека неговата земја не планира да му се придружи на НАТО како полноправна членка или получленка, но истовремено се појавија медиумски извештаи дека Кишида договара учество на самитот на НАТО во Литванија во јули.