НАТО за падот на дронот во Загреб: Ќе реагираме доколку треба

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека индициите за падот на леталото во Хрватска покажуваат дека немало воен напад.

– Ова е доказ за зголемена воена активност и можност за неочекувани инциденти кои би можеле да бидат многу опасни. Ќе реагираме доколку треба, а мора да имаме и комуникација со Русите за инцидентите да не прераснат во опасни ситуации. Затоа го зголемуваме нашето присуство – рече тој.

– Поради се поголемиот број на авиони во воздушниот простор, постои можност за несреќи. Ќе реагираме ако треба – рече тој.

Тој додаде дека е важна будноста на НАТО за да не се повторат вакви инциденти.