Еден 47-годишен Германиц на автопатот А-8 во близина на Холцкирхен во Баварија ги заборавил двете ќерки на возраст од 10 и 14 години, а кога конечно се одзвал на повиците од полицијата, на 48 повик, бил 170 километри одалечен од бензиската пумпа на која ги оставил.
За време на Велигденските празници заедно со своите ќерки патувал на езерото Гард, додека мајката на девојчињата останала дома. Бизарната ситуација се случила на бензиска станица, каде застанале за да наполнат гориво.
Девојчињата отишле во тоалет, а кога се вратиле нивниот татко веќе не бил таму. Вработените на бензиската станица ја известиле полицијата, која тргнала во потрага по таткото.
Девојчињата не го знаеле бројот на мобилниот на таткото, но го знаеле домашниот, на кој се јавил мајката. Таа го дала мобилниот број на својот сопруг, а полицијата го побарала 48 пати кога коонечно одговорил.
Во моментот кога се јавил, веќе бил во Австрија, 170 километри одалечен од бензиската станица. На полицијата им изјавил дека не забележал оти девојчињата не биле во автомобилите.
На крајот се вратил по нив, а полицијата се уште не соопштила дали против него ќе поднесе пријава, пишува Билд.